Ричард Бренсон тргнува во вселената дури и порано од Џеф Безос?!

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Ричард Бренсон тргнува во вселената дури и порано од Џеф Безос?!

Ричард Бренсон ги најави своите планови за патот во вселената. Досегашните планови на Virgin Galactic беа во втората половина на на 2022 година со VSS Unity да се тргне кон вселената, но се уште нема официјални информации. Бренсон му честиташе на Безос на Twitter, но на крајот на објавата додал “Watch this space”. 

Многумина гледаат скриена порака со која што сакал да порача дека би можел да побрза со досегашните планови и пред Безос да се упати на своето патување кон животот. Кон тоа одат во прилог и извештаите на некои медиуми, според кои Бренсон во недела на 4 јули (симболичен ден за Американците) би можел да тргне во вселенска авантура.