Фејсбук Месинџер е голема закана за безбедноста на интернет

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Фејсбук Месинџер е голема закана за безбедноста на интернет

Експертот за сајбер безбедност, Зака Дофман, тврди дека Фејсбук Месинџер е закана за приватноста за корисниците. Според него, не треба да го користиме овој чет, затоа што се уште нема воведено end-to-end енкрипција, која е веќе воведена од Сигнал, Вацап и Вајбер.

„Треба да се префрлите на лична комуникација и разговор или што и да сакате да е безбедно, може на ВацАп или на Сигнал“, објаснува Дофман.

Марк Цукерберг допрва ќе воведе end-to-end енкрипција на Фејсбук, кој заостанува во ова во споредба со другите апликации. Додека да биде воведена енкрипцијата, Дофман ве советува дека би било најпаметно да комуницирате преку друг чет и да барате друга алтернатива, се додека не биде воведена во 2022 година.