Microsoft Surface Duo 2 пристигнува во септември

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Microsoft Surface Duo 2 пристигнува во септември

Откако го најави Microsoft првиот телефон Surface Duo, помина многу време. Почетниот ентузијазам поради мобилниот уред со два екрана го замени делумно разочарување. Хардвер телефонот веќе беше застарен уред и не ги исполни очеквуањата на корисниците.

Со новата генерација на овој модел Microsoft мора да ги поправи грешките од претходно. Се уште нема официјални податоци што спрема, но дознавме некои информации за уредот со кодно име Zeta. Анонимни извори велат дека не треба да очекуваме големи промени во дизајнот, затоа што ќе биде сличен како претходниот. Surface Duo 2 ќе го има најмоќниот Snapdragon 888 процесор со 5G, NFC технологија и подобрени камери. Ако се точни гласините, Microsoft Surface Duo 2 би требало да биде претставен во септември или октомври.