Huawei HarmonyOS 2 регистрирал 10 милиони активни корисници за една недела

Објавено на 11.06.2021 во Новости



Huawei HarmonyOS 2 регистрирал 10 милиони активни корисници за една недела

Huawei HarmonyOS 2 детектирал 10 милиони активни корисници за само една недела, според најновиот извештај, тврди GSMArena. Ова е импресивна цифра и не е никакво изненадување, со оглед на тоа што корисниците го купуваат Huawei поради добрите цени. 

Huawei го направи HarmonyOS 2 достапен за милиони корисници во Кина, почнувајќи од Huawei Mate 40 и P40 предводниците, како и за Huawei Mate 9 и P10 моделите. Околу 100 уреди вкупно би требало да бидат овозможени за да употребуваат HarmonyOS 2 до следната година. Целта на компанијата е да постигнат 100 милиони активни корисници, што значи дека треба да постигне уште 10 пати повеќе од сега. Huawei ќе го применува HarmonyOS 2 на сите смарт продукти и домашни уреди, како и кај Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro смарт часовниците. 

Се уште нема планови за да се понуди HarmonyOS надвор од Кина, но сигурно ќе се случи нешто за да биде достапен и во Европа.