Колку долго ќе трае батеријата со лудо брзото полнење на Xiaomi?

Објавено на 11.06.2021 во Новости



Колку долго ќе трае батеријата со лудо брзото полнење на Xiaomi?

Xiaomi наскоро ќе го лансира првиот смартфон кој ќе има апсолутно лица брзина на полнење на батеријата со потенцијал од 200W, но прашањето е колку дооговечна ќе биде самата батерија со ваква брзина.

Според информациите кои ги сподели Xiaomi сите смартфони со брзо полнење од 200W по 800 циклуси ќе изгубат до 20% од капацитетот на самата батерија.

Главната причина за тоа е топлината која се генерира додека смартфонот се полни. Инаку циклус од 800 полнења е вообичаен за мобилната индустрија па така корисниците би имале во просек две до три години безгрижна работа на батеријата со полн капацитет пред да се појават првите знаци на нејзино минимално опаѓање.