Кај Мате Римац не проаѓа "глумењето лудило" на Илон Маск

Објавено на 11.06.2021 во Новости



Кај Мате Римац не проаѓа "глумењето лудило" на Илон Маск

Хрватскиот претприемач Мате Римац не остана "покус" и упати провокација кон Илон Маск по претставувањето на новиот енергичен електричен автомобил Tesla Model S Plaid кој е побрз и спортски модел.

Римац го потсети Маск дека Plaid не е електричниот автомобил со најголемо џабрзување, туку тоа е неодамна претставениот Rimac Nevera кој стигнува до 100 км/ч под две секунди. 

– И покрај тоа што Илон не игнорира (тврдејќи дека Plaid е автомобил со најбрзо забрзување на сите времиња) и натаму сме многу побрзи, имаме речиси двојно повеќе моќност, поголема батерија и побрзо полнење, напиша Римац на Twitter.

Римац исто така му честиташе на Маск за новиот електричен седан за перформансите и технологијата.