Кинезите се пофалија и објавија фотографии од Марс

Објавено на 12.06.2021 во Новости



Кинезите се пофалија и објавија фотографии од Марс

Фотографиите што кинескиот ровер Журонг ги испрати во петокот од Марс ја исполнила вселенската агенција на Кина со гордост. На сликите соларните панели се разместени како крила. Две камери на врвот на долгиот „врат“ потсетуваат на две очи, а роверот симболизира птица што позира покрај платформата за слетување.

После успешното слетување на роверот Журонг на Марс во мај во долината Utopia Planitia, испратени се првите фотографии слики од површината на Црвената планета, кои ги објави Националната вселенска агенција (CNSA). Тоа беше пресврт во кинеската цел за статус на вселенска велесила.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: