Facebook ја презеде BigBox VR со напопуларната VR игра Population: One

Објавено на 12.06.2021 во Новости



Facebook ја презеде BigBox VR со напопуларната VR игра Population: One

Марк Цукерберг е убеден дека во иднина гејмерите ќе играат во виртуелна реалност. Facebook го купи Oculus VR за 2 милијарди долари, еден од лидерите во VR технологијата, затоа што веруваше дека виртуелната реалност до 2021 година ќе стане важен дел од нашите животи.

Се уште е многу скапа опремата за VR, исто како што и не напредувала технологијата со посакуваното темпо и брзина. Затоа се уште нема апликација, ниту игра, која што би ги воодушевила корисниците, поради која би можеле многумина да вложат пари за купување на уред како што е Oculus Quest или Rift. 

Facebook ја купи неделава и компанијата BigBox VR, која што минатата година ја претстави VR играта Population: One. Играта е претставена пред 9 месеци и оттогаш е една од најуспешните и најпопуларните игри на платформата Oculus, а освен на Oculus Store, достапна е и на Steam. Со оглед на тоа што е една од најпопуларните мобилни игри и компјутери во последните години, медиумите ја нарекоа „Fortnite Virtual Reality“. Во виртуелниот свет на Population: One има максимално 24 играчи, кои што се поврзуваат и се натпреваруваат, но и се дружат. 

“BigBox VR има големи планови за иднината на POP:One и за останатите проекти“, напишал Мајк Верду, потпретседателот на содржината во Facebook Virtual Reality Labs.