Tesla Model S Plaid официјално претставен со 1.034 коњски сили

Објавено на 13.06.2021 во Новости



Tesla Model S Plaid официјално претставен со 1.034 коњски сили

Tesla Model S Plaid моделот беше најавен пред неколку години, но сега конечно е официјално претставен и почнува со достава веднаш. Шефот на Tesla Inc., Илон Маск, одржа говор пред сите, а за Model S Plaid вели дека доаѓа со три електромотори и погон на сите четири тркала, кој е „најстартниот продукциски автомобил на денешницата“.

Електричниот погон и 1.034-те коњски сили му овозможуваат на автомобилот да забрза од 0 до 96 км/ч за само 1,99 секунди. Автономијата во возењето изнесува до 628км, додека неговата почетна цена изнесува 130 илјади долари.