Маск најави кога Tesla повторно ќе прима bitcoin

Објавено на 14.06.2021 во Новости



Маск најави кога Tesla повторно ќе прима bitcoin

Пред неколку месеци Tesla купи bitcoin-и во вредност од 1,5 милијарди долари и оттогаш од компанијата на Маск најавија дека почнуваат да ја примаат виртуелната валута за купување на своите автомобили. Значи, тогаш можеше да се купува електричен автомобил на Tesla со bitcoin. Криптозаедницата ја пречека оваа најава со воодушевување, а реагираа и берзите со криптовалути. 

Вредноста не порасна само на bitcoin, туку и на ether и сите други алткоини, кои почнаа да инвестираат огромни суми на пари во крипто. Првиот човек на Tesla во мај најави дека компанијата нема веќе да прима криптовалути и дека Tesla нема да може да се купува со bitcoin. Како причина за тоа било рударењето и трансакциите со bitcoin, за кои што се користат повеќе фосилни горива, особено јагленот, што има штетно влијание врз околината. Најавија дека нема да се откажат од bitcoin, а сега рекоа дека повторно ќе го прифатат плаќањето со bitcoin, кога рударењето ќе се префрли на обновливи извори на енергија.