AI за дизајнирање чипови: Она што траело со месеци, сега е готово за неколку часа

Објавено на 14.06.2021 во Новости



AI за дизајнирање чипови: Она што траело со месеци, сега е готово за неколку часа

Google го претстави нов модел на вештачка интелигенција, способен да осмисли и да креира комплексен дизајн на чипови за само неколку часа. Колку за споредба, на човекот инженер, ќе му требаат неколку месеци за истата работа. Модерните чипови се состојат од милијарда различни компоненти, кои се повеќе се ситни. 

Типичен процесор се состои од десетици милиони стандардни ќелии и илјадници мемориски блокови, кои треба меѓусебно да се поврзаат со тенок слој на силикон. За распоредот на ќелиите и блоковите на чипот, ќе зависи брзината со која сигналите ќе може да се емитираат на чипот, односно колку ќе биде ефикасен одреден уред. Бројот на потенцијалните распореди на ќелиите и блоковите е огромен. Според истражувачите на Google, потенцијалот е од 10 на 2500.