Излегоа спецификациите на 5G Honor 50, Honor 50 Pro, и Honor 50 SE

Објавено на 14.06.2021 во Новости



Излегоа спецификациите на 5G Honor 50, Honor 50 Pro, и Honor 50 SE

Honor 50 серијата е најавена со три нови смартфони. Honor 50 Pro ќе биде најскапиот модел со Snapdragon 778G 5G процесор, 6.72-инчен AMOLED екран, дупка за селфи камерата и 32MP селфи камера. Секундарниот сензор изнесува 12MP,  и плус четворна задна камера со 108MP главен сензор, плус 8MP ултра-широк сензор и два сензора од 2MP за макро и длабочина. Неговата батерија изнесува 4,000mAh со поддршка за 100W брзо полнење.

Класичниот Honor 50 ќе биде поевтин со 5G Snapdragon 778G процесор, помал 6.57-инчен OLED дисплеј, предна камера од 32MP и четворна задна камера како онаа на Honor 50 Pro. Главната разлика е селфи камерата. Honor 50 ќе биде со батерија од 4,300mAh и брзина на полнење од 66W.

Honor 50 SE 5G е телефон од средната класа и ќе биде со MediaTek Dimensity 900 5G процесор, 4,000mAh батерија со 66W и 6.78-инчен LCD дисплеј. Од задната страна има тројна камера со главен сензор од 100MP + 8MP + 2MP . Предната камера ќе биде со 16MP. Honor 50 SE 5G би требало да биде еден од најдобрите буџетски 5G смартфони во 2021 година.