Уште колку време ќе трае поддршката за Windows 10?

Објавено на 15.06.2021 во Новости



Уште колку време ќе трае поддршката за Windows 10?

Microsoft го претстави Windows 10 во 2015 година. Изгледаше дека тоа ќе биде последната вистинска верзија на овој пперативен систем, но на десетката и се гледа крајот. Се повеќе читаме за новата генерација на Microsoft оперативен систем, Windows 11.

Join us June 24th at 11 am ET for the #MicrosoftEvent to see what’s next. https://t.co/kSQYIDZSyi pic.twitter.com/Emb5GPHOf0

— Windows (@Windows) June 2, 2021

Животниот век на десетката би требало да трае 10 години. Тоа го откриваат од самиот Microsoft, но нема официјална објава, туку промена во документот за користењето на Windows. Не е познато дали Microsoft ја направил таа промена. На страницата пишува дека Windows 10 Home и Pro ќе траат до 14 октомври, 2025 година.