Следните генерации на Apple Watch ќе мерат шеќер во крвта и телесна температура

Објавено на 15.06.2021 во Новости



Следните генерации на Apple Watch ќе мерат шеќер во крвта и телесна температура

За три месеци излегува новата генерација на смарт часовник на Apple. Во септември ќе го видиме самиот часовник и веќе знаеме што може отприлика да се очекува. Apple Watch 7 нема да донесе револуционерни опции.

Новост во дизајнот е тоа што рабовите околу екранот би требало да бидат помали, што значи повеќе простор на самиот екран. Затоа моделите на следните генерации би требало да донесат големи промени. Со овој модел доаѓа можноста за мерење на шеќер во крвта и тоа со неинвазивен метод. Уредот константно ќе мери количество на шеќер и за неа ќе го известува корисникот. 

Втората важна опција ќе биде мерење на телесната температура. Никогаш пред пандемијата со коронавирусот луѓето не мереле толку често температура, а во иднина ќе ги известува часовникот за нивната температура. Двете спомнати опции може да се очекуваат во следните генерации на часовници. Мерењето температура би можело да биде достапно со Series 8 што Apple ќе го претстави во септември 2022 година, додека на опцијата за мерење шеќер во крвта треба да се чека и подолго. 





Прочитајте повеќе: