Се продава оригиналниот изворен код за World Wide Web!?

Објавено на 16.06.2021 во Новости



Се продава оригиналниот изворен код за World Wide Web!?

Оригиналниот изворен код за World Wide Web се продава, кој е дел од интернет што претставува услуга со која што се остварува размена на податоци преку таа светска компјутерска мрежа, напишана од Сер Тим Бернерс-Ли. Кодот се продава на аукција во аукциската куќа Sotheby's, како дел од незаменлив токен со почетна цена за дел од кодот од 1000 долари.

Според податоците од Sotheby's, документот се состои од 9555 линии на кодови, меѓу кои се наоѓа имплементацијата на триење на јазикот и протоколот што го смислил Бернерс-Ли: HTML, HTTP и URI. Вклучен е исто така и оригиналниот HTML документ што дава упатства на почетните корисници на web како да ја користат апликацијата. 

Многу пати досега сме пишувале дека Тим Бернерс-Ли е британски компјутерски научник, кој во 1989 година го смислил World Wide Web (кој иницијално се нарекувал Mesh, односно мрежа) и тоа како предлог за управување со информации.