Нов КОВИД-19 детектор испраќа резултати за 15мин. на вашиот телефон

Објавено на 16.06.2021 во Новости



Нов КОВИД-19 детектор испраќа резултати за 15мин. на вашиот телефон

Новиот ковид детектор е развиен од научници од Велика Британија, кој може да се монтира на плафонот за брзо детектира на коронавирус, со цел поефикасно да се спречи ширењето на зараза. Новиот уред бил со високо ниво на прецизност, а неговата големина е колку детектор за чад. 

Ова е дефинитивно добро за скенирање во авионски кабини, училници, домови за стари лица, канцеларии и било какви други ризични простори, каде што има високо ниво на ризик за ширење на коронавирус. Научниците од од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и Универзитетот Дарам докажале дека точноста на уредот изнесува од 98% до 100%. Неговата функционалност се состои во тоа што резултатите ги испраќа веднаш на апликација на смартфон доколку го детектира вирусот.