Роботите Ерни и Берт се новите вработени во магацинот на Amazon

Објавено на 16.06.2021 во Новости



Роботите Ерни и Берт се новите вработени во магацинот на Amazon

Вработените во магацините на Amazon наскоро добиваат помош во секојдневната работа при пренос и сортирање на бројните нарачки пред нивното испраќање понатаму. Во магацините нема да вработат нови работници, туку роботи. Amazon тврди дека тие не можат да ги заменат луѓето, туку ќе им ја олеснат работата. 

Тоа го нагласува и Кевин Кек, директор за напредна технологија во компанијата, затоа што роботите нема да ги забрзаат процесите за да ги направат поефикасни, туку акцентот е ставен на безбедноста. Роботот Ерни е фиксиран на едно место и не се движи, чија задача му е да ги става кутиите пред работниците.

Благодарение на него, вработените во магацините веќе нема да мора толку да се наведнуваат и исправуваат и да го оптеретуваат телото, со цел да ги дофатат предметите и пакетите, со што се намалува можноста за нивни повреди. 

Минатиот месец AMAZON најави дека до 2025 година сака да го намали бројот на несреќи на работните места за 50% и најавија дека до крајот на годинава ќе вложат над 300 милиони долари во безбедносни проекти. Вториот робот Берт е мобилен и опремен со камери и сензори за да може да се движи низ магацинот. Тој е целосно автономен и програмиран за пренос на пакети меѓу различни локации.





Прочитајте повеќе: