Вториот преклопен смартфон на Xiaomi ќе дебитира во Q4

Објавено на 16.06.2021 во Новости



Вториот преклопен смартфон на Xiaomi ќе дебитира во Q4

Три месеци после презентирањето на Xiaomi Mi Mix Fold, компанијата изјави дека работи на вториот преклопен смартфон, кој ќе биде лансиран во следните месеци. Сега протече нова слика со спецификациите. Вториот преклопен смартфон на Xiaomi би требало да излезе во последното тримесечје од 2021 година, во октомври, ноември или декември.

Експертите тврдат дека би можел да се натпреварува со Samsung Galaxy Z Fold 3 и Google Pixel Fold, но дали ќе биде тоа така, ќе видиме допрва. Xiaomi се очекува да го вгради Snapdragon 888 процесорот во следниот преклопен смартфон, ќе има 5,000mAh батерија и 108-мегапиксели главен сензор. Следната генерација на Xiaomi Mi Mix Fold ќе биде со нов дизајн и подобрен механизам за преклопување. ќе има два дисплеја, само што овој пат внатрешниот дисплеј ќе биде со 120Hz.