Windows 11 протече со новиот UI и Start менито

Објавено на 17.06.2021 во Новости



Windows 11 протече со новиот UI и Start менито

Следниот Windows 11 оперативен систем на Microsoft е објавен на интернет, а има и многу позадински слики од него, кои се неверојатно естетски и прекрасни. Windows 11 OS се појави со нов кориснички интерфејс, ново Start мени и многу други работи. Новиот Windows 11 интерфејс и Start менито се многу слични како Windows 10X. 

Microsoft го поедноставил Windows за уреди со двоен екран, а најголемите промени може да се видат кај таскбарот. Microsoft ги центрирал иконките на апликациите овде, расчистувајќи ја лентата кај Start менито, воведувајќи ново Start копче и ново мени.

Надграденото Start мени е поедноставена верзија на Windows 10, без Live Tiles, и вклучува: пинувани апликации, претходно отварани датотеки и можност за брзо да го исклучите или рестартирате вашиот Windows 11. Ако не ги сакате апликациите и Start менито на центарот, имате опција да ги поместите на левата страна. Се разбира, мрачниот режим ви е исто така достапен, што значи дека Windows 11 изгледа како рафинирана верзија на Windows 10, отколку нешто драматично ново.





Прочитајте повеќе: