Amazon ја отвара првата продавница за плаќање со дланка

Објавено на 17.06.2021 во Новости



Amazon ја отвара првата продавница за плаќање со дланка

Amazon е пионер во интернет трговијата, кој за милиони луѓе ја отвори вратата на онлајн купувањето. Во последните години компанијата развива технологии со кои што сака да го промени искуството во купувањето во физички продавници. Така веќе отворија неколку продавници во кои што нема благајни и купувачите може само да ги земат работите од полиците и да си заминат после пријавата со своите податоци на Amazon.

Компанијата на Џеф Безос сега најави отварање на нова продавница во Белви, во која ќе се користи нивната технологија Just Walk Out. Имплементацијата на технологијата без наплатна каса ќе овозможи брзо купување и излегување од продавницата без чекање во редови, при што сметката може да се плати со скенирање на дланка. Во новата продавница ќе може да се купува и на класичен начин на наплатна каса, така што при влегувањето ќе може да одберете дали сакате да платите на каса или да се послужите со технологијата Just Walk Out. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: