Google апликациите официјално се враќаат на Honor телефоните

Објавено на 17.06.2021 во Новости



Google апликациите официјално се враќаат на Honor телефоните

Honor 50 серијата официјално излезе во Кина, но уште пред да излезе новата серија на Honor беше веќе потврдено дека Google Mobile Services се враќаат на смартфоните на Honor. Honor Germany технички потврди дека е официјално враќањето на Google. Ова не важи само за смартфоните, туку и за таблетите.

Honor 50 серијата ќе може да се преднарача од Кина од 25 јуни. Honor планира да го понуди Honor 50 во 40 различни региони, вклучувајќи ја Велика Британија, Франција, Мексико, Малезија, Русија и Саудиска Арабија. Цената на Honor 50 ќе биде 422 долари во Кина, Honor 50 Pro ќе биде 578 долари, а Honor 50 SE 375 долари.