Кина продава повеќе смартфони од САД

Објавено на 24.11.2011 во Новости



Кина продава повеќе смартфони од САД

 

Нов извештај од компанијата Strategy Analytics покажува дека Кина го надмина САД во продадени смартфони за третиот квартал.
 
Што е уште поинтересно, не само што во Кина продажбите се зголемени на 58%, 23,9 милиони телефони, додека во САД продажбата опадна за 7%, односно 23,3 милиони телефони.
 
Во однос на производители, Nokia сè уште е на првото место по најпродавани телефони во Кина (28,5% или 6,8 милиони уреди во третиот квартал), додека веднаш зар неа се наоѓа Samsung со 17,6% пазарен удел или 4,2 милиони телефони.
 
Евтините телефони како ZTE стануваат сè популарни, заедно со новиот iPhone.
 
Во САД ситуацијата е нешто поинаква. Таму HTC го има главниот збор со 5,6 милиони продадени смартфони во последниот квартал (24% пазарен удел), додека Apple е веднаш за него со 4,8 милиони продадени телефони.
 
Сепак, со 1,3 милијарди жители, кинескиот пазар ќе станува сè поважен.