Motorola Defy е еден од најиздржливите смартфони
Објавено на 17.06.2021 во Новости
Motorola во партнерство со Defyphone го изработи новиот модел Motorola Defy кој е еден од најиздржливите смартфони на пазарот со Gorrilla Invictus заштитно стакло.
Motorola Defy располага со 6,5 инчен HD Plus дисплеј, има IP 68 сертификат за издржливост на атмосферски влијанија, а може да поднесе и падови од височина од речиси 2 метри.
Исто така Motorola Defy располага со 8 мегапикселна селфи камера и четири сензори на главната камера, работи со осум-јадрен Snapdragon 662 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, батерија со капацитет од 5000 mAh и ќе се продава за цена од околу 300 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.