Facebook ги тестира новите опции во Oculus, кои нема да им се допаднат на играчите

Објавено на 18.06.2021 во Игри



Facebook ги тестира новите опции во Oculus, кои нема да им се допаднат на играчите

Марк Цукерберг неколку пати нагласи какви се неговите очекувања од виртуелната реалност. Основачот на Facebook верува дека AR и VR треба да бидат следната компјутерска платформа, која што ќе ги замени смартфоните. Затоа Facebook почнал да се спрема за такво сценарио уште од средината на минатата деценија кога го купија Oculus VR

Со текот на годините купија неколку помали компании што развиваат игри и апликации за виртуелна реалност, а минатата недела ја објавија и аквизицијата на компанијата BigBoxVR, позната по играта Population:One, кои ја нарекуваат како „Fortnite во виртуелна реалност“. 

Неделава објавија од компанијата на Марк Цукерберг дека почнуваат со тестирање на реклами. Facebook ги врти своите милијарди од рекламите најмногу, па затоа овој потег и беше очекуван дека рекламите најпрво ќе се појават во играта Resolution Games Blaston. Потоа тестирањето продолжува кај уште две апликации, па зависно од реакциите и впечатоците на корисниците, од компанијата најавуваат и понатамошни тестови со реклами на што е можно поголем број на апликации. 

Автор: Aleksandar Stankov