Тим Кук: Android има за 47 пати повеќе малвер од iOS

Објавено на 18.06.2021 во iOs



Тим Кук: Android има за 47 пати повеќе малвер од iOS

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, имал виртуелно интервју, во кое тврди дека Android има за 47 пати повеќе малвер во споредба со iOS. Тој алудира кон тоа дека оперативниот систем на Apple е побезбеден од оној на Google. 

„Ние го дизајниравме iOS на тој начин што ние го имаме ‌App Store‌ и сите апликации се рецензираат пред да стигнат до продавницата“, вели Кук. 

Тим Кук тврди дека Apple е фокусиран на приватноста и безбедноста на корисниците, што е традиција уште кога Стив Џобс ја водел компанијата. „Ние сме фокусирани на приватноста со децении. Стив порано знаеше да каже дека приватноста е прикажана со едноставен јазик, за луѓето полесно да се снаоѓаат со нивните дозволи. И таа дозвола треба да се препраша неколку пати. Ние секогаш се трудиме да работиме така“, објаснува Кук.