TikTok двојно го зголеми профитот за 2020 година!

Објавено на 19.06.2021 во Новости



TikTok двојно го зголеми профитот за 2020 година!

TikTok двојно ги зголеми своите приходи и профитот за минатата 2020 година, што значи дека пандемијата со коронавирусот си го направи своето. Bytedance приходите се искачија за 111%  во 2020 година, конкретно на 34,3 милијарди долари, официјално објави BBC.

Бруто добивката на компанијата исто така двојно е зголемена, на 19 милијарди долари. Да, чудно е малку, но годината била завршена со нето загуба од 45 милијарди долари, поради еднократно прилагодување на сметководството, за се тврди дека не е поврзано со овој бизнис.