PornHub лапна тужба која може да го чини стотици милиони долари

Објавено на 19.06.2021 во Новости



PornHub лапна тужба која може да го чини стотици милиони долари

Pornhub кон крајот на 2020 година беше во големи проблеми, затоа што медиумите објавија дека на платформата за забава на возрасни се објавуваат и видеа со сексуално злоставување на деца. Изгледа дека ќе има и нов скандал. Над 30 жени подигнале тужба против Pornhub, во која се наведува дека таа платформа профитира од видеа што се објавени без нивна согласност.

Една жена изјавила за CBS News дека со поранешниот партнер снимала видео на 17 години. Видеото некако излегло на Pornhub неколку години подоцна, но никој од Pornhub не се обидел да ја контактира, да провери колку години има таа, кога е снимано видеото и дали таа прифаќа да се објави видеото. Граѓанската тужба подигната против MindGeek, компанијата што стои зад Pornhub и десетици други светски популарни порнографски интернет страници, ја обвинуваат компанијата за водење на „криминална компанија“. 

Жените што се здружиле во тужбата ја обвинуваат компанијата за злоупотреба за профит, промовирање на експлицитни видеа со силување, одмаздољубива порнографија и објава на видеа со сексуално злоставување на деца. Во тужбата пишува дека MindGeek „ја прифатил пиратската содржина, во која се јасно видливи малолетниците и која прикажува сексуален однос без прифаќање“. Се претпоставува дека PornHub го очекува казна од стотици милиони долари.