Лозинките со фудбалска тематика не се најдобриот избор

Објавено на 20.06.2021 во Новости



Лозинките со фудбалска тематика не се најдобриот избор

Љубителите на фудбал овие денови може да уживаат во EURO 2020, а додека го гледаат омилениот спорт на телевизија и се шетаат по улиците во дресови со имиња на најомилените играчи, откриваат несакајќи и важни информации. Компанијата за сајбер безбедност Authologics, утврдила дека над милијарди лозинки дневно се хакираат, само затоа што има лесни лозинки со зборови од фудбалот.

Голем број на лозинки биле со име на фудбалски клуб или омилен фудбалерски играч. Загрижувачки е тоа што 350 илјади случаи со лозинки биле едноставни: football. Над милион лозинки имале директна поврзаност со фудбалот, а меѓу најчестите биле: "Liverpool", "Chelsea", "Arsenal" и "Barcelona". Не е толкав проблем што имате поими од областа на фудбалот, колку што е проблем што немате додадено симболи и цифри во лозинката.