Samsung Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 започнаа со масовно производство

Објавено на 20.06.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 започнаа со масовно производство

Samsung наводно почнал со производство на компонентите за Galaxy Z Fold 3 порано овој месец, а новите неофицијални информации дека компанијата започнала и со масовно производство на уредот. Протекувањето излезе од Макс Вејнбах, кој вели дека Galaxy Z Flip 3 исто така влегол во масовно производство.


 
Samsung има за цел да произведува по 25,000 парчиња дневно, но друг извор тврди дека сака да достигне по 50,000 парчиња дневно. Samsung наводно продал од 3.5 милиони до 2.5 милиони преклопни смартфони во 2020 година, додека за оваа година се надева дека ќе продаде од 6 до 7 милиони единици од Galaxy Z Fold 3 и Flip 3.

Автор: Aleksandar Stankov