Google го слави Pride Month со нови алатки за Pixel телефоните

Објавено на 20.06.2021 во Новости



Google го слави Pride Month со нови алатки за Pixel телефоните

САД моментално го слави Месецот на Гордоста, а Google за таа цел објави видео од 60 секунди со име на рекламата: "Celebrate Pride on Pixel." Google не потсети на YouTube видеото дека компатибилните Pixel модели сега имаат три нови позадини (wallpapers), кои може да се одберат од Ashton Attzs, седум нови рингтонови од уметниците како што се VINCINT и Kim Petras, и 12 звуци за нотификации од Dance Mom, Jojo Siwa и Jazz Jennings.

Некои од алатките може да ги погледнете и да ги слушнете на 60-секундното видео. Google е спремен да ги промовира Pixel 6 и Pixel 6 Pro, но не сега за време на Месецот на Гордоста, туку малку подоцна. Pixel 6 Pro ќе биде со 6.7-инчен 120Hz заоблен AMOLED екран со QHD+ резолуција, и нов чипсет развиен од Google. Од задната страна има тројна камера со 50MP главен сензор и телефото камера со перископски сензор. Ќе има и 5000mAh батерија за mmWave 5G, како и сензор за вградување на отпечатоци на прсти под дисплејот.

Има уште неколку месеци време додека да излезе Pixel 6 серијата, која најверојатно ќе ја видиме во октомври.