Samsung патентирал преклопен смартфон со ротирачка камера

Објавено на 21.06.2021 во Новости



Samsung патентирал преклопен смартфон со ротирачка камера

Samsung е познат по тоа што секогаш експериментира со дизајнот и имплементацијата во производството. Во 2019 година компанијата ја патентираше својата прва ротациона камера кај Galaxy A80. Сега излезе и патент за преклопен смартфон. 

На патентот може да се види дека ќе има две компоненти поврзани со винт. Модулот за ротационата камера ќе се стави во горниот десен агол или на центарот на десната компонента. Аголот за преклопување и сензорите за преклопување исто така се запазени при дизајнот.

Патентот може многу да помогне затоа што производителот овој пат не мора да троши многу ресурси за да вгради две камери, предна и задна, туку ќе може да се стави една добра и квалитетна камера, која што ќе ротира по потреба.