HUAWEI Watch 3 доаѓа со ексклузивен дизајн потпишан од Роберт Левандовски

Објавено на 22.06.2021 во Новости



HUAWEI Watch 3 доаѓа со ексклузивен дизајн потпишан од Роберт Левандовски

Самото куќиште е чисто и зрачи со класата на ѕвездата чие име го носи.

Фудбалското лето е во полн ек, а Huawei во соработка со фудбалската ѕвезда Роберт Левандовски дизајнираше ексклузивно куќиште на најновите модели на паметни часовници - Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro. Нивната глобална премиера беше на 2 јуни, а на македонскиот пазар започнуваат со продажба на 12 јули. RL9 куќиштето е израз и на професионалната кариера и на деловните потфати на Левандовски и ги инспирира новите сопственици на Watch 3 и Watch 3 Pro на активен и исполнет живот.

Ексклузивно со премиерата

Куќиштето со потпис на Роберт Левандовски ќе биде достапно за Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro за време на нивната премиера. Роберт Левандовски не е само еден од најдобрите фудбалери во светот, туку е и амбасадор на Huawei во голем број европски земји. Самото куќиште е чисто и зрачи со класата на ѕвездата чие име го носи. Црната позадина добро се вклопува во секоја облека, а потписот на Левандовски и иницијалите RL9 создаваат елеганција што ќе ја ценат сите, не само љубителите на фудбалот.

Моделите од серијата HUAWEI Watch 3 носат богати можности и се високотехнолошки партнер во одржување активен и здрав живот. Можат да се користат за следење на пулсот, нивото на стрес и заситеноста на крвта со кислород во текот на денот, како и за мерење на температурата на кожата. Во однос на спортот, часовниците заземаат улога на личен тренер за 104 дисциплини. Покрај тоа, тие можат да се користат за вршење независни повици и праќање пораки.

Класа на дизајн - тело, круна, ремче и куќиште

HUAWEI Watch 3 и HUAWEI Watch 3 Pro се исклучително убави уреди - спој на класичната визија со чудата на модерната технологија. Со тело од титаниум и изразена круна чувствителна на допир, со ремче од легура на титаниум, вистинска кожа или водоотпорен силикон, тие му нудат на корисникот избор за најсоодветната опција во сопствен стил. Потоа следуваат бројните опции за персонализација преку ликови со различни теми, вклучувајќи го и моделот RL9, потпишан од Роберт Левандовски.

Изразете се во Huawei Next Design 2021!

Дали некогаш сте сакале да создадете сопствен дизајн за вашиот паметен часовник? Тоа е можно со споделување на вашата идеја на Huawei Next Design Awards 2021. Глобалниот натпревар вклучува 7 категории за дизајн, од кои едната е наменета специјално за дизајн на куќиштата. Наградниот фонд е 200.000 американски долари, плус можноста да се појавите во официјалната апликација Huawei Themes и да заработите од вашиот труд. Изразете се, учествувајте и победете!