Детално решавање на проблемот е главното прашање на Илон Маск кога прима нови вработени

Објавено на 22.06.2021 во Новости



Детално решавање на проблемот е главното прашање на Илон Маск кога прима нови вработени

Доколку сакате да знаете како изгледа кога Илон Маск ве интервјуира за да ве прима на работа, тогаш треба да знаете дека неговиот приоритет кај вработените е способноста на решавање на проблемите. Ако одите на интервју за работа кај Маск, тогаш ќе ве праша: „Зборувајте ми за најтешките проблеми на кои сте работеле и како сте ги решиле“.

„Луѓето што навистина го решиле проблемот, точно знаат како го решиле. Тие можат да ги опишаат и најмалите детали“, објаснил Илон Маск. На тие што го лажеле, веднаш ги детектирал и им одговарал со: „Тешко вам“.