Google апликациите после најновата надградба постојано паѓаат!

Објавено на 23.06.2021 во Android



Google апликациите после најновата надградба постојано паѓаат!

Најновата надградба на апликациите на Google не стартуваше баш најдобро, затоа што апликациите постојано паѓаат. Многу корисници се жалат на истиот проблем, пораката што им излегува на екранот дека Android не може нормално да функционира.

Проблемот е забележан и на порталот Dwndetector, а на страниците на Google за статусот на нивните апликации, проблемот е регистриран како "Admin console" проблем и моментално се работи на негово отстранување. Дел од корисниците сметаат дека откриле привремено решение, а тоа е всушност влегување во поставките на уредот и деинсталација на надградбата од Google.