Samsung веројатно ќе одржи девелоперска конференција во 2021, доаѓа ли One UI 4.0?

Објавено на 23.06.2021 во Новости



Samsung веројатно ќе одржи девелоперска конференција во 2021, доаѓа ли One UI 4.0?

Samsung повторно ќе ја одржува девелоперската конференција во 2021 година, после COVID-годината во 2020. Девелоперскиот самит би требало да се одржи во октомври или ноември, подоцна оваа година.

Samsung Developer Conference, позната под името SDC, редовно се одржува од 2013 година и вообичаено служи за Samsung да ти открие своите новитети во областа на софтверот, познати под IoT и AI-вести. Самитот ќе се одржи во Калифорнија, Силиконската долина, што е центарот на ИТ случувањата во светот. Се претпоставува дека ова ќе биде првиот увид во One UI 4.0 корисничкиот интерфејс, кој ќе се базира на следниот Android 12 софтвер, кој ќе се одликува со нов изглед, редизајнирани додатоци и други подобрувања, со нови алатки.