ЕУ го чешла Google за начинот на рекламирање

Објавено на 23.06.2021 во Новости



ЕУ го чешла Google за начинот на рекламирање

Европската комисија (ЕК) започна со истрага за услугите на Google за рекламирањето. ЕУ сака да провери дали Google работи законски со интернет рекламирањето по правила и прописи во согласност со пазарната конкуренција во Европската Унија.

„Google собира податоци, кои потоа се употребуваат за таргетирано рекламирање, продава рекламен простор и дава услуги за посредување во рекламирањето“, изјави потпретседателката на Европската комисија, Маргарет Вестагер.

„Тоа значи дека Google е присутен речиси во сите нивоа на синџирот на снабдување преку интернет рекламирањето. Не загрижува тоа што Google со конкурентски услуги за интернет рекламирање, ја отежнува конкуренцијата во целиот процес на рекламирањето“, додава европската функционерка. Целта е да се утврди дали компанијата ги фаворизира своите услуги на интернет, т.е. дали ги прекршил европските закони за пазарна конкуренција.