Samsung Galaxy Watch Active 4 објавен со дизајнот и боите - Како изгледа?

Објавено на 23.06.2021 во Новости



Samsung Galaxy Watch Active 4 објавен со дизајнот и боите - Како изгледа?

Samsung би можел да ги открие следните смартчасовници на MWC 2021 следната недела, а во меѓувреме се објавени рендери за претстојниот Samsung Galaxy Watch Active 4. Ликстерот Стив Хемерстофер објавил Galaxy смартчасовници со кружен и минималистички дизајн во споредба со претходните модели, со метална рамка.

Во споредба со претходната Galaxy Watch Active 2 генерација, копчињата се исто така со различна форма. Samsung ги подобрил и прицврстувачите на ременот исто така. Galaxy Watch Active 4 ќе го има со 40мм и со 44мм верзија, кој би можел да се појави и како 42мм.

Според овие рендери, Samsung Galaxy Watch Active 4 ќе биде достапен во четири бои при лансирањето: црна, сребрена, златна и зелена. Треба да очекуваме подобар Exynos 9110 процесор изработен преку 10нм процес на производство. Tizen оперативниот систем ќе биде заменет со мистериозната нова Wear платформа на Samsung и Google.  Galaxy Watch Active 4 би требало да биде претставен на следниот Unpacked евент на 3 август. Galaxy Watch 4, Galaxy Z Fold 3, Galaxy Z Flip 3, и Galaxy Buds 2 се очекуваат да дебитираат на истиот ден тогаш.

Автор: Aleksandar Stankov