Samsung Galaxy S22 и S22+ ќе бидат со главен сензор од 50MP, а S22 Ultra со 200MP

Објавено на 24.06.2021 во Новости



Samsung Galaxy S22 и S22+ ќе бидат со главен сензор од 50MP, а S22 Ultra со 200MP

Samsung нема да се фокусира на високи цифри со мегапиксели кај новите модели Galaxy S22 и S22 Plus. Главниот сензор ќе биде 50MP, додека ултраширокиот сензор и 3x телефото леќите ќе бидат со 12MP сензори.

Се разбира, оваа вест е неофицијална и непотврдена од Samsung, туку излезе гласина од експертите што ги анализираат следните модели. Новиот 50MP ISOCELL GN2 сензор на Samsung со 1.4μm големина на пиксели, уште од најавата во февруари, овој сензор или евентуалниот наследник би можел да фаќа слики со Galaxy близу до вас, од следната година.

Се разбира, овие наводни тврдења се однесуваат за Galaxy S22 и Galaxy S22+, додека за Galaxy S22 Ultra се уште нема никакви тврдења. Другите тврдења што се прогнозираат се дека ќе има 200MP главна камера со 0.64µm големина на пиксел, што може да предизвика војна во ултра премиум сегментот на смартфони. Подобрениот перископски зум се очекува да го има кај S22 Ultra. Galaxy S22 се очекува со 6.06" дисплеј, S22+ со 6.55" и S22 Ultra со LTPO 6.81".