Контроверзниот Џон Мекафи пронајден мртов во шпански затвор

Објавено на 23.06.2021 во Новости



Контроверзниот Џон Мекафи пронајден мртов во шпански затвор

Контроверзниот Џон Мекафи е пронајден мртов во шпански затвор каде беше притворен поради сомнежи за даночна евазија.

Според првичните извештаи на шпанските власти најверојатно станува збор за самоубиство, но дополнително ќе биде извршена истрага.

Мекафи беше пионер со неговата компанија за антивирусна програма но, во последната деценија се повлече од McAfee и водеше контроверзен живот исполнет со опасни авантури, хедонизам и пристство на луѓе од подземјето. 

Тој во шпанскиот затвор беше во притвор чекајќи екстрадиција во САД каде е покрената истрага за наводна даночна евазија.