70.000 луѓе потпишале петиција за Џеф Безос да не се враќа на Земјата

Објавено на 24.06.2021 во Новости



70.000 луѓе потпишале петиција за Џеф Безос да не се враќа на Земјата

Над 70.000 луѓе потпишале петиција со која што се бара забрана за враќање на Земјата за најбогатиот човек на светот. Кон средината на јули, Џеф Безос ќе замине на пат кон вселената заедно со својот брат Марк и други две лица. На работ на вселената во летот што ќе трае само 11 минути, ќе ги однесе ракетата New Shepard, произведена од компанијата Blue Origin, во сопственост на Безос.

После неговата најава дека ќе полета во вселената, 10 илјади луѓе потпишале петиција со која што се бара да му се забрани враќање на Земјата кога ќе замине горе. Петицијата има слоган: „Не му дозволувајте на Џеф Безос да се врати на Земјата“, при што целта е да собере 75.000 потписи. Досега се собрани над 72.000 потписи.