Volkswagen ќе има само електрични возила во Европа од 2033 година

Објавено на 28.06.2021 во Новости



Volkswagen ќе има само електрични возила во Европа од 2033 година

Volkswagen е еден од лидерите во електрификација на возилата, а нивниот ID.4 се наоѓа на списокот на World Car Awards и прогласен е за светски автомобил на годината. Минатата недела од германската компанија ги објавија плановите за стопирање на продажбата на бензински и дизел возила, од чија продажба и понатаму остваруваат високи приходи.

Членот на управниот одбор на Volkswagen, Клаус Целмер, најави дека ќе се прекине продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување во областа на Европа од 2033 до 2035 година.

Малку подоцна ќе се случи истото и во Кина и САД, додека таа транзиција ќе се одолговлече во Јужна Америка и Африка поради проблеми со „политичките и инфраструктурните услови“. Целосно прекинување на продажбата на возилата со гориво ќе настапи до 2050 година.

Автор: Aleksandar Stankov