БИ-БИ-СИ: Хакерите може да ви го злоупотребат компјутерот за рударење преку пиратски игри

Објавено на 29.06.2021 во Новости



БИ-БИ-СИ: Хакерите може да ви го злоупотребат компјутерот за рударење преку пиратски игри

Пиратските игри најчесто хакерите ги злоупотребуваат со помош на всадување на вирус во компјутерот, кој пак го користат како алатка за рударење криптовалути. Бесплатните видео игри GTA 5, NBA 2K-19 и PES 2018, не се само пиратски верзии на игрите, туку имаат вирус во нив, кој се нарекува „Креконош“, што го злоупотребува хардверот на други лица за рударење криптовалути и за заработка.

„Креконош“ ги исклучува сите безбедносни програми на компјутерот, па на тој начин станува ранлив и на други вируси и малициозни софтвери. Преку овие злонамерни вируси се ископани криптовалути во вредност од 2 милиона долари.