Apple размислува за iPad Pro со поголем екран

Објавено на 29.06.2021 во Новости



Apple размислува за iPad Pro со поголем екран

iPad со години е најпопуларниот таблет на светот, од кои досега најголем беше 12,9 инчениот модел Pro. iPad Pro со оваа големина ги замени лаптопите, но изгледа дека Apple размислува за уште поголеми таблети. Според информациите на Марк Гурман од Bloomberg, Кук и екипата веќе расправаат за следните генерации на таблети со уште поголеми екрани. Со iPad со екран со дијагонала од 14 или 15 инчи, за бројни корисници, навистина нема да има потреба за купување на дополнителен лаптоп.

Гурман тврди дека со зголемувањето на продуктивноста на iPadOS, така расте и побарувачката за поголеми екрани, кои се попродуктивни и подобри за мултитаскинг. Со таа идеја, Apple би можел на постоечките модели на своите таблети за професионалци да додадат и модел со уште поголеми екрани. 





Прочитајте повеќе: