Можната цена на Samsung Galaxy Buds 2 е откриена
Објавено на 03.07.2021 во Новости
Samsung Galaxy Buds 2 би требало да се појават на Unpacked настанот на Samsung, за кои во меѓувреме 91Mobiles ги објави рендерите. Цените се откриени исто така во меѓувреме.
Според најновите информации, Samsung Galaxy Buds 2 во САД наводно би чинеле од $149 до $169. Buds 2 се директна замена за Galaxy Buds+, кои чинеа $149 и беа претставени лани во 2020 година. Samsung Galaxy Buds 2 ги очекуваме во средината или почетокот на август во четири бои: црна, бела, виолетова и зелена. Во кутијата се очекува да има и технологија што поддржува безжично полнење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.