Honor ќе го претстави следниот моќен Magic 3 со Snapdragon 888 Plus

Објавено на 30.06.2021 во Новости



Honor ќе го претстави следниот моќен Magic 3 со Snapdragon 888 Plus

Honor е во добра состојба, со оглед на тоа што САД ја тргна забраната за Android сервисите на уредите за кинескиот бренд. После потврдувањето дека Honor смартфоните ќе имаат Google Mobile Services, производителот ја откри Magic серијата, која под хауба ќе биде со Qualcomm Snapdragon 888 Plus процесор.

Новиот процесор беше откриен деновиве, како еден од најмоќните процесори за смартфони, за кого веќе е потврдено од Asus, Motorola, Vivo, и Xiaomi, дека ќе го вградат во своите уреди. Според официјалната изјава на Honor, Magic 3 серијата ќе биде опремена со новата мобилна платформа на Snapdragon 888 Plus 5G. 

Неофицијално, следниот Magic 3 предводник ќе биде претставен на 3 август, но оваа информација не е потврдена од Honor.