Xiaomi работи на смартфон што ќе се собира со намотување

Објавено на 01.07.2021 во Новости



Xiaomi работи на смартфон што ќе се собира со намотување

Според најновиот USPTO листинг, Xiaomi планира да произведува ролабилен смартфон, односно смартфон што ќе се собира со намотување. Веќе има слики од патентираниот телефон, на кои може да се види како дисплејот на уредот се намотува од левата и од десната страна.

Ова го продолжува екранот, кој што може да стане поголем, без потреба за преклопување. Така добиваме функционалност на таблет. Се разбира, телефонот ќе може да се размота само од едната страна ако сакате да гледате видеа и филмови, или ако сакате поголем екран, може да се размота од двете страни.