Samsung Galaxy Watch 4 Classic изгледа фантастично со овие бои

Објавено на 01.07.2021 во Новости



Samsung Galaxy Watch 4 Classic изгледа фантастично со овие бои

Galaxy Watch 4 Active ќе дебитира како Galaxy Watch 4. Објавени се нови рендери со различни бои од идниот Samsung Galaxy Watch 4 Classic модел. 

Дизајнот на Samsung Galaxy Watch 4 Classic ќе биде достапен со материјал од не'рѓосувачки челик или алуминиумско тело во три бои: црна, бела и сребрена. Исто како Watch 4, Watch 4 Classic ќе има две копчиња од страната, од кои едното е малку обоено во црвено. Samsung сака со ова копче да направи трик за разликување на регуларната Wi-Fi верзија од LTE моделот.

Овој модел ќе биде достапен во три големини: 42мм, 44мм и 46мм. Galaxy Watch 4 Classic ќе биде компатибилен и со стандардните ременчиња од 20мм. Часовникот ќе биде со можност за мерење на отчукувањата на срцето, ЕКГ мониторирање, мерење на кислород во крвта, BIA сензор за мерење на маснотиите во вашето тело, безброј фитнес алатки и друго. 

Има шпекулации дека ќе биде со мерач на шеќер во крвта, но ова веројатно ќе остане изненадување. Samsung се здружи со Google за тотално нова платформа за смартчасовници, кој веќе го претстави One UI Watch интерфејсот за поконзистентно поврзување на Galaxy телефоните и Galaxy смартчасовниците. Galaxy Watch 4 Classic нема би требало да дебитира една недела порано од Unpacked евентот, кога ќе дебитира и Galaxy Watch 4, како и најновите преклопни смартфони на Samsung.

Автор: Aleksandar Stankov