Првиот детален преглед на Samsung Galaxy Fold 3 5G
Објавено на 03.07.2021 во Новости
На видеото одоздола може да ги погледнете сите рендери досега објавени за идниот преклопен смартфон на Samsung - Galaxy Z Fold 3 модел. Може да го погледнете преклопниот смартфон од секој можен агол. Ултра-премиум моделот Galaxy Z Fold 3 се очекува да чини околу $1,599 во САД, кој ќе биде достапен во црна, зелена и сребрена боја.
Се разбира, S Pen Fold Edition поддршката ќе биде достапна тука, со што ќе се привлечат и многу корисници на таблет. Galaxy Z Fold 3 ќе биде со 7.6-инчен преклопен главен дисплеј со 120Hz, додека едниот екран ќе биде 6.2-инчи и со 120Hz, со вградена селфи камера. Се разбира, Galaxy Z Fold 3 ќе биде со Snapdragon 888 процесор и меморија од 12GB + 256GB.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.