Следните Nokia смартфони ќе бидат со HarmonyOS на Huawei!?
Објавено на 01.07.2021 во Новости
Nokia ќе биде една од првите компании што ќе го прифати оперативниот систем HarmonyOS на Huawei. И покрај тоа што HarmonyOS не е како алтернатива на Android, но се уште се развива со брзо темпо после забраната од владата на САД.
Во Кина е обратно, Google апликациите се блокирани, па затоа Nokia наводно планира да го користи HarmonyOS само за кинеските модели на смартфони. Според најновите шпекулации, компанијата планира да ги лансира Nokia X60 и X60 Pro во Кина со оперативниот систем на Huawei. Nokia X60 и X60 Pro ќе бидат со 6,000mAh батерија, ZEISS камера со 200MP главен сензор, екран со 144Hz, брзо полнење и Snapdragon процесор.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.