Apple Watch спасил 78 годишен старец, кој бил во несвест

Објавено на 02.07.2021 во Новости



Apple Watch спасил 78 годишен старец, кој бил во несвест

Детекторот за пад (Fall Detector) на Apple Watch спасил уште еден живот, откако претходно спаси живот во 2018 година. 78-годишниот Мајк Јагер бил на пат кон Самерфилд во моментот кога тешко паднал. Со оглед на тоа што човекот има над 65 години, Fall Detection режимот бил активиран по автоматизам на неговиот Apple Watch. 

Уредот се обидел да го разбуди со потчукнување на неговиот зглоб и да пушти звук со аларм. Со оглед на тоа што Мајк не се движел повеќе од 45 секунди, неговиот часовник ги повикал службите од 911 и побарал медицинска помош од противпожарната служба на Самерфилд и ја споделил неговата локација. Очигледно Јагер не знаел за опциите на неговиот Apple Watch. Кога го спасиле пожарникарите, тој ги прашал: „Како ме најдовте овде?“. Кога пожарникарот му одговорил дека неговиот смартчасовник им испратил порака, тој не можел да поверува, затоа што прв пат слуша за таа опција.

Мајк се уште закрепнува од неговиот скршен нос поради паѓањето, а Apple Watch е тој што овозможил да се спаси неговиот живот. Тој рекол дека Apple Watch е можеби малку скап, но ништо не е поскапо од нашите животи.

Автор: Aleksandar Stankov